Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на еднодневниот семинар посветен на тема:
„Хармонизација на Законот за општа управна постапка со Законот за управни спорови“
Семинарот ќе се одржи на 20 Септември 2017 година во хотел Континентал - Скопје со почеток во 10:30 часот. Сите потребни информации за семинарот може да ги најдете во документот којшто ви го праќаме во прилог на овој меил.
Со почит,
Институт за правно-економски истражувања и едукација
Iuridica Prima.
IURIDICA PRIMA
Институт за правно-економски истражувања и едукација
Ви доставува
П О К А Н А
за учество на семинар на тема:
„Хармонизација на Законот за општа управна постапка
со Законот за управни спорови“
* Место: х. Континентал Скопје * Датум: 20 септември 2017 * Почеток: 10:30*
П Р О Г Р А М А
Регистрација на учесниците (10:30-10:45)
Прва тема: „Новини во Законот за општа управна постапка“ излагач, проф. д-р Борче Давитковски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје (10:45-11:15)
Дискусија и прашања (11:15-11:30)
Втора тема: „Предлог новини во Законот за управни спорови“ излагач, д-р Ивана Шумановска Спасовска доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје (11:30-12:00)
Дискусија и прашања (12:00-12:15)
Кафе пауза (12:15-12:45)
Трета тема: „Актуелни прашања во судската пракса на Управниот суд на Република Македонија“ излагач, м-р Снежана Трповска, судија во Управниот суд на РМ (12:45- 13:15)
Дискусија и прашања (13:15- 13:30)
Сумирање на заклучоците (13:30-13:45)
Доделување на сертификите (13:45-14:00)
Модератор: д-р Ангел Ристов, претседател на Институтот Iuridica Prima
Цена по учесник изнесува 2500 денари и вклучува писмен материјал и сертификат за учество на семинарот.
Уплатата треба да биде извршена на име Јуридика Прима - Скопје
ул. Димо Хаџидимов 8/1 Скопје
Број на жиро сметка: 270-0711667501-73 Халк банка АД Скопје
Подетални информации за програмата и пријавување кај
Александар Николов моб. 077 393 900
* facebook Iuridica Primа * e-mail iuridicaprima@gmail.com * www.iuridicaprima.mk *