Почитувани, во Република Македонија за прв пат се организира Конференција од ваков карактер, со меѓународно учество, која е посветена на актуелните правни прашања и проблеми во законодавството од повеќе области на правото (граѓанско, казнено, управно, финансово, меѓународно и др.). Целта на Конференцијата е да се посочат законските решенија кои создаваат проблеми во практиката, правните празнини и нелогичности, но и да се предложат решенија за нивно надминување.
IURIDICA PRIMA
Институт за правно-економски истражувања и едукација
Ви доставува
П О К А Н А
за учество на
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ И ПРАКТИЧАРИ
на тема:
„DE LEGE FERENDA: ПРАВОТО И НЕГОВАТА ПРИМЕНА КАКВИ БИ ТРЕБАЛО ДА БИДАТ“
Место: хотел Парк, Неготино
Република Македонија
Датум: 29 септември - 1 октомври 2017
Рок на доставување на апстракти: 25 септември 2017
Рок за доставување на трудови: 15 јануари 2018
Почитувани, во Република Македонија за прв пат се организира Конференција од ваков карактер, со меѓународно учество, која е посветена на актуелните правни прашања и проблеми во законодавството од повеќе области на правото (граѓанско, казнено, управно, финансово, меѓународно и др.). Целта на Конференцијата е да се посочат законските решенија кои создаваат проблеми во практиката, правните празнини и нелогичности, но и да се предложат решенија за нивно надминување. Оваа конференција им овозможува на младите правници, докторанди, магистри, магистранти и студенти да ги изложат своите првични трудови од направените магистерски и докторски истражувања кои, по анонимна рецензија, ќе бидат публикувани. Освен младите правници, на Конференцијата ќе учествуваат, со свои излагања, и врвни професори од областа на правото и практичари (судии, нотари, адвокати, извршители, стечaјни управници и др.). Спојот на теоријата, практиката и искуството, ќе придонесе да се изнајдат најдобрите законски решенија кои ќе му бидат предложени на законодавецот во идните реформи, во насока на постигнување подобра законска регулатива и хармонизација на нашето право со правото на Европската Унија. Најпосле, учеството на Конференцијата е можност за вработување и ангажирање на младите правници од страна на правниците од практиката (нотари, адвокати, извршители) кои имаат потреба од талентирани и успешни кадри.
Финансиски услови:
Котизација:
- За студенти: 1200 денари
- Докторанти, магистри, магистранти: 1600 денари
- Правници од пракса (нотари, адвокати, извршители): 2000 денари
Број на сметка: 270-0711667501-73 ХАЛК Банка АД Скопје.
Сместување:
Сместувањето и оброците се на трошок на учесниците на конференцијата на база ноќевање со доручек по лице во
- 1/1 соба - 1100 денари
- 2/1 соба - 900 денари
- 3/1 соба - 800 денари
- 4/1 соба - 700 денари
Цените се со вклучен попуст обезбеден од страна на организаторот.
Напомена:
За свечената вечера и посетата на винарија со дегустација на вина и закуска се доплаќа.
Резервации: тел/факс + 389 (0) 43 370 960
+ 389 (0) 43 361 033
моб. тел. + 389 (0) 77 602 222
Е маил: hotelpark@mt.net.mk
www.hotelpark.com.mk
Патните трошоци се на трошок на учесниците на конференцијата.
Технички барања за трудот:
- Задолжителен превод на насловот на англиски јазик.
- Да се вклучи апстракт на мaкедонски јазик со превод на англиски (до 150 зборови секој)
- Задолжително внесување на клучни зборови со превод на англиски
- Големина на статијата: максимум 16 страници.
- Материјалите треба да бидат подготвени во Microsoft Office Word (.doc или .docx)
- Големина на фонт: 12;
- Фонт: Times New Roman;
- Linespacing (проред): 1.5
- Маргините: лево 30 mm, десно 15 mm, горе и долу 20 mm
-Цитирање според OSCOLA (The Oxford University Standard for Citation of Legal Authorities) http://www.law.ox.ac.uk/publications/oscola.php)
Пријавата за учество, апстрактот и трудот, Ве молиме да ги испратите на следнава e-маил адреса: iuridicaprima@gmail.com или angelristov@yahoo.com
Барањата со апстрактот, како и трудовите кои ќе бидат доставени после горенаведениот рок, нема да бидат објавувани.
Меѓународниот уредувачки одбор го задржува правото за избор на трудовите.
Подетални информации за програмата и пријавување кај Александар Николов моб. ++ 389 (0) 77 393 900
e-mail: iuridicaprima@gmail.com
facebook: iuridica prima
ww.iuridicaprima.mk
Конференцијата ќе се одржи од 29 септември до 1 октомври 2017 година во х.Парк, Неготино.
Статиите на учесниците на конференцијата, по анонимна рецензија, ќе бидат издадени во електронска публикација.
Подетални информации за програмата и пријавување на кај Александар Николов моб. ++ 389 (0) 77 393 900
e-mail: iuridicaprima@gmail.com
facebook: iuridica prima
www.iuridicaprima.mk