IURIDICA PRIMA Ве поканува на 3-тата МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО на тема „ЕФИКАСНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ: РЕАЛНОСТ ИЛИ ИДЕАЛ“
IURIDICA PRIMA
Институт за правно-економски истражувања и едукација
Ви доставува
П О К А Н А
за учество на
3-тата МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО
на тема:
„ЕФИКАСНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
И СЛОБОДИ: РЕАЛНОСТ ИЛИ ИДЕАЛ“
хотел Конгресен Центар Охрид,
датум: 12-14 мај 2017 година
Финансиски услови:
Котизација за конференцијата изнесува 2500 денари.
Уплатата треба да биде извршена пред започнувањето на конфернецијата на име
ЈУРИДИКА ПРИМА
Број на сметка: 270-0711667501-73 ХАЛК Банка АД Скопје.
Сместувањето и оброците се на трошок на учесниците на конференцијата на база на полн пансион со цена од 28 еур по лице во 1/2 соба и 34 еур по лице во 1/1 соба во х. Конгресен центар (Универзитетски хотел) Охрид. Цените се со вклучен попуст од 25% обезбеден од страна на организаторот.
Резервации: тел. +389 (0) 46 277 421
Факс +389 (0) 46 277 422
Е маил: kc@ukim.edu.mk www.kco.ukim.mk
Патните трошоци се на трошок на учесниците на конференцијата
Конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 Мај 2017 година во х. Конгресен центар (Универзитетски хотел) Охрид.
Учесниците кои доаѓаат од други градови (земји) ги молиме да го потврдат своето присуство најдоцна до 30 април 2017 година и да остават телефон за контакт.
Статиите на учесниците на конференцијата ќе бидат издадени во публикација по одржувањето на конференцијата.
Подетални информации за програмата и пријавување кај лицето
Александар Николов тел. 077 393 900
e-mail: iuridicaprima@gmail.com